Лимани вети 25 нови градинки за оваа година – ќе започне изградбата, но не се очекува да отворат во 2025

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најпрвин рече дека во 2025 година ќе бидат отворени 25 нови градинки

„За 2025 година е планирано отворање на 25 нови градинки“, вели Фатмир Лимани.

Но, откако му беше побарано појаснување, министерот за социјална политика, Фатмир Лимани појасни – тие ќе се градат, бидејќи не можат сите да се отворат во рок од една година.

-Рековте дека ќе се отворат 25 градинки, ќе се градат или ќе се отворат?

„Ќе се градат, ќе се градат… Не значи дека ќе се отворат,  тие нема да се завршат во 2025 година, и да се 10 милиони или 5 милиони, не се затвара за една година еден проект

Според Лимани, важно е да се има буџетско планирање за отпочнување на проектите, додека  појасни дека општините го прават планирањето, според потребите.

Овие изјави Лимани го даде во Тетово, каде присуствуваше на отворањето на градинката „Рилиндја“.

Според градоначалникот, Биљал Касами, градинката ќе ги задоволи потребите на граѓаните, иако се уште не се знае точно колку е долг списокот на родители кои чекаат да ги запишат нивите деца во градинката.

„145 семејства ќе имаат можност да ги донесат своите деца овде и да бараат работа. Досега беше невозможно да работат и двајцата родители бидејќи мора да имаат каде да ги остават децата“, вели Биљал Касами.

„Од 150 деца, 60 од нив се веќе регистрирани во градинка и сме имале родители кои од оваа листа на чекање тврдат дека ќе почнат од февруари или март. Овој објект, 145, верувам дека ќе се пополни од денеска кога ќе почне со работа, потоа откако ќе се пополни овој капацитет ќе имаме и список каде ќе видиме колкава ќе биде листата на чекање“, вели Фатлинда Јахја.

На почетокот на септември на листа на чекање за градинка во Тетово беа 250 деца, од кои 147 се предвидени да бидат во градинката која денеска беше пуштена во употреба. Вкупниот број на деца во сите градинки во Тетово е 1300.