Лимани: Завршена е работата за градинките – Ганиу и Ибрахими објаснуваат каде „заглавило“ отворањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потпишани се одобренијата за отворање и вработување во градинките во Чаир, Арачиново и Липково, тврди министерот за социјална политика Фатмир Лимани. Тој вели дека оваа постапка се спроведува веќе два месеци, но не знае зошто се уште не се отворени.

ТВ21: Вие сега значи ги обвинувате општините што не функционираат, нели?

Фатмир Лимани: Не, не обвинувам никого, ја опишав процедурата, ги потпишав согласностите, им беа понудени. Причините поради кои не се отвораат градинките се прашање за кое тие мора да дадат објаснување.

ТВ21 контактираше со градоначалниците. Висар Ганиу, градоначалник на Чаир, ни рече дека последен проблем е приклучувањето на водоснабдувањето, кое според него доцнело бидејќи биле потребни согласности од претпријатието „Водовод“ од Град Скопје. Дополнително, Ганиу додава дека објектот треба да биде опремен со инвентар.

-Огласот за јавна набавка требаше да го направи министерството, поточно да го избере операторот кој ќе го реализира инвентарот за новата градинка. Овде завршивме со приклучокот и со водоснабдувањето, додека од страна на министерството нормално треба да пристигне инвентарот и оваа градинка да се опреми со нов инвентар и секако потоа да се договориме со надлежното министерство официјално да ја отвориме градинката, изјави Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, ни изјави дека новата градинка таму се очекува да биде отворена во текот на март, бидејќи според него, одобренијата за вработување, но и за отворање се дојдени на 14 февруари.

-Постапките сега ги сметаме за завршени, но завршени се на 14 февруари 2025 година. Официјално ни стигнаа на 14 февруари 2025 година. На конкурсот што го објавивме ќе добијат решение сите тие луѓе со соодветна документација, другите постојат или да се повторат или мора да се донесе решение за да почнеме што е можно поскоро, да го систематизираме кадарот што е пријавен и да почне со работа градинката, изјави градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими.

Се обидовме телефонски да го прашаме и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, но тој не ни одговори.