Лишено од слобода лице од скопско, превезувал прехранбени производи без документација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 16.10.2025 година полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од с.Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија. Имено, при преглед на товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.

Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.