Лицата над 65 годишна возраст, бремените жени, децата и здравствените работници имаат предност при вакцинирањето против сезонски грип.
Граѓаните над 65 години со кои разговаравме се уште не се информирани дека треба да се пријават за вакцинација против сезонски грип, некои немаат услови да се пријават на вакцинација.мк, а некои сметаат дека немаат потреба од таква вакцина.
„Не баратам со тие помагала, така да јас ланската т.е. преланската година се вакцинирав, лани немаше. За годинава најавуваат, но со пари“.
„За тоа не знам ништо“.
„За сезонски немам потреба да ти кажам право“.
„Јас немам такви услови и немам потреба за тоа. Ќе биде проблем ама секој возрасен има потемство, има деца да го пријават“.
Овој начин на вакцинација се покажа како ефикасен да не се прават гужви и да им олесни на граѓаните- објаснува министерот Филипче.
„Секој кој не може, може да го напрви тоа кај матичниот лекар. Секој кој не може, може преку матичниот лекар да си закаже соодветен термин“, истакна Венко Филипче.
Обезбедени се 40 000 четиривалентни бесплатни вакцини против сезонски грип, а вакцинацијата ќе се одвива во центрите за јавно здравје, а ќе има и теренска вакцинација во домовите за страи лица и кај пациентите на дијализа.
