Рокот за пријавување во ДИК на лицата позитивни на Ковид-19, за гласање, истекува денеска. Интересот на заразените со коронавирус за гласање е многу низок. Од 5000 лица кои се во самоизолација, и 3492 заразени со Ковид-19, за гласање на 13 јули, до вчера се пријавиле само 137.
„До вчера лица кои се заразени и со позитивен тест на Ковид-19 и лица кои се во изолација е 137, бројот на болни е 3138. Не знаеме колкав ќе биде бројот, рокот е до денеска до 24 часот“, вели Дитмире Шеху.
Инаку од специјалните изборни одбори кои се формирани за да им се овозможи правото на глас на заразените со Ковид-19, се повлекле 80 здравствени работници од вкупно 300. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека станува збор за медицински сестри и лекари со хронични заболувања. Од ДИК велат дека сега за сега доволен е овој број на здравствени работници.
ДИК направи симулација во еден училиштен објект за тоа како треба да гласаат граѓаните на 15 јули односно во среда. Најпрво се влегува со маска, гласачот се дезинфицира, држи дистанца додека чека ред и маската ја вади само во моментот кога членовите на Општинскиот одбор треба да го идентификува.
