Лицата со оштетен вид во Кичево, заборавени – 170 членови на здружението ќе останат без канцеларии и возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Македонија е тешко да се живее, за сите, но за лицата со оштетен вид и слепите лица е многу потешко. Ова најдобро го покажува состојбата на овие лица во Кичево. Здружението брои околу 170 членови, но немаат ниту канцеларии за да вршат активности ниту услови за да се движат по улица. Потпретседателот на Здружението на слепи во Македонија вели дека се целосно заборавени.

„Нашето здружение нема воопшто услови, немаме канцеларии, општината не заборави, дури ни финансиски средства немаме! Пред некое време ни давше некои работи, сега не, бараме општината да ни помогне, да не паднеме во заборав“, вели Зејно Бајрами, потпретседател на Здружението на слепи во Република Северна Македонија.

Истото го потврдува и координаторот на Здружението на слепи во Кичево.

 „Условите се многу лоши бидејќи последниве години останавме без канцеларија за образование на овие луѓе. Често се обидувавме кај градоначалникот на општината и секоја година ни кажуваат дека ќе се направи нешто, се надеваме дека годинава ќе ни обезбедат канцеларии“, рече Зенел Зилбеари, координатор на Здружението на слепи.

Здружението на слепи во Кичево веќе неколку години работи во барака со лоши услови. Но, овие обкејти беа уништени од Општината и сега останаа без канцеларии за обука и интеракција.