Лицата со попреченост немаат пристап за движење! – Општина Тетово: Започнавме акција за спуштање на тротоарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Блокирани тротоари и без пристап до нивото на асфалтот за лицата со попреченост кои користат инвалидски колички. Премините се зафатени со маси и стока од продавници и ресторани, а тешкотии има и во јавните институции.
За лицата со попреченост, ова се секојдневните предизвици со кои се соочуваат во Тетово.

Лицата со телесна попреченост најчесто ги посетуваат Центарот за социјална работа и Тетовската болница, но и до двете институции пристапот до потребните канцеларии е речиси невозможен, вели Хисмани.

По бројните апели и критики, особено во однос на тротоарите, Општина Тетово пред неколку дена презеде акција за зголемување на бројот на прилагодени пристапи за инвалидски колички за лицата со посебни потреби.

Во меѓувреме, во градот Тетово се регистрирани околу 650 лица со попреченост, кои секојдневно се соочуваат со различни пречки во јавните простори. Иако Општината презема акции за отстранување на овие пречки, често е доволен само еден ден за ситуацијата повторно да се врати во претходната состојба.