На 27.12.2024 година во 11.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Росоман во близина на игралиштето во помошна просторија, штала бил пронајден починат М.С. (56), каде престојувал како бездомник. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.