Со измените на Законот за безбедност во сообраќајот во Македонија издавањето на сертификатот за прва помош на кандидатите за возачка дозвола може да го направи само Црвен Крст на РСМ.
Во врска со ова се жалат здравствените домови кои претходно биле лиценцирани од Министерство за здравство.
Борислав Јосифовски, лиценциран лекар за прва помош, вели дека со овој закон е создаден монопол, бидејќи се оштетени 9 здравствени домови.
Прашавме во Министерство за здравство но ни рекоа дека да се обратиме во МВР.
А на одговорот од МВР не објаснија зошто се исклучени здравствените домови од издавањето на овој сертификат.
„Измената на законот, која се однесува ова оспособување да го врши само Црвениот крст е уредена со член 163 од Закон за изменување и дополнување на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата“, велат од МВР.
Здравствените домови кои се лиценцирани велат дека нивната битка ќе ја продолжат со цел да се отстрани овој монопол кој е создаден од законски измени.
