Обвинителите и судиите се повеќе контролирани од олигарсите отколку од политиката. Вака синоќа во Клик плус изјави министерот за правда Кренар Лога. За да се подобри нередот во правосудниот систем, Лога рече дека ќе се работи во три различни дела, за што добил политичка поддршка и од партиите на власт и од опозицијата. Станува збор за избор на нов главен обвинител, решение со АКМИС системот како и реформа на судскиот совет. Што се однесува до судскиот совет, Лога рече дека се формира работна група од најдобрите експерти за да се спроведат реформи во тој совет.
-Покрај академскиот професор Владо Камбовски, ќе биде и Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, која беше и претседател на работната група за уставни измени. Професор Бајрам Положани, поранешен судија. Сали Мурат, поранешен претседател на уставниот суд. Беса Адеми, актуелен претседател на Врховниот суд. Бранко Наумовски, поранешен претседател на Уставниот суд. Џемали Саити, поранешен судија но и претседател на здружението на судии. Исто така Денис Прешова, Ѓорѓи Радојков, професорот Јетон Шасивари, Ана Павлова Данева, професорката Беса Арифи, проректор на УЈИЕ-вели Лога.
Покрај нив, во работната група ќе има и претставници од здружението на судии на Македонија, претставници од Министерството за правда и од невладини организации. Лога предлага членовите на советот да ги избира Собранието на Здружението на судии.
Министерот Лога имаше најголеми забелешки за изборот на новиот шеф на кумановското обвинителство Снежана Манев. Во извештајот за оцена на оваа судијка беше кажано дека употребувала навредливи зборови по националност, но и ги одолговлекувала предметите преку АКМИС системот.
„Нивниот извештај за кумановскиот суд укажува и на вулгарното однесување со ниски зборови од типот какви што и јас овде наведувам. Со зборови како „шиптари, говеда, неспособни“.
-Кој велите дека ги кажува овие работи?
-Претседателката на Судот Куманово.
-После за да можат да ги покријат овие нечистотии, по шест месеци дозволувајќи му на актуелниот претседател на судот во меѓувреме да работи, прават дополнителен извештај. И во овој извештај се вели дека кога претседателката на судот навредувала, ги навредила сите, не само Албанците.
Што се однесува до претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, Лога рече дека по декларациите за политички притисок сега има должност да излезе во јавноста и да каже кој всушност врши притисок врз врховните судии, но и да ги пријави во обвинителство и полиција.
