Локализиран и изгасен опасен пожар на отворено во Прилепско

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Рeгионалниот ЦУК Прилеп, информира дека е локализиран опасниот пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп и се спасени една фабрика и околни објекти во реон на пожарот.
Конкретно преку 112 во ЦУК е добиен повик за опасен пожар во Прилеп, по што освен што координирале за негово гаснење, вработени од регионалниот центар отишле и на лице мето.

Горела сува трева, но заради ветерот и близината на индустриски објекти постоела голема опасност пожарот да се прошири и да ја зафати фабриката „Орион инженеринг“, а и други околни објекти.

Пожарот е локализиран со брза интервенција пожарникарите од ТППЕ Прилеп, на коишто им се приклучиле и вработени од објектите во тој реон.
Практично, заради опаснаа ситуација при пожарот, противпожарната единица интервенирала со сите расположиви пожарникари и ПП возила, на кои им помагале и вработените од околните индустриски објекти. Пожарот прво е локализиран, а потоа почнало етапно да се дејствува на догасување на можните жаришта од коишто се уште чадело и жарело, за да не дојде до повторно активирање на пожарот, заради се уште присутниот ветер и жештина.

Инаку, заради променливиот правец, силината и брзината на пожарот било зафатено и едно ПП возило, поточно пожарот поминал низ, односно под и околу него, но не се знае дали и колку е оштетено.