Локални избори: Излезеноста до 9 часот во Штип е 2,94%, во Пласница 7,37%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДИК излезе со првите информации околу излезеноста на вонредните локални избори во Штип и во Пласница.

До 9 часот, излезеноста во Штип изнесува блиску 3%, односно 2,94%. Во Штип до 9 часот на гласање излегле 1,227 лица, од вкупно 41,777 со право на глас.

Во Пласница бројките се повисоки. Таму до 9 часот излегле 7,37%. Односно излегле на гласање 365 граѓани, од вкупно запишани 4,954 гласачи во оваа Општина.

Засега нема евидентирано проблеми во гласачкиот процес, односно гласачките места се отворени во 7 часот.