Лондон: Со автомобил се забил во полициска станица (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице е уапсено вечерва во северниот дел на Лондон, откако со автомобил се забил во полициска станица.

Очевидци успеале да го снимаат моментот на апсење, кога околу 19 часот полицајците го совладале на земја возачот, и му ставиле лисици на рацете.

На снимките се гледа дека лицето откако се забило во полициската станица, потоа се појавува лице како истура течност врз асфалтот и потоа ја пали пред сите присутни. Не е познато дали е истото лице кое се забило во станицата, или ова е друго.

Набрзо стигнале екипи на противпожарната служба, а зградата била евакуирана.

Полицијата не соопштува дали се работи за терористички напад.