Лицата со посебни потреби револтирани: „Има пари за тренирање на магаре, а нема софтвер за слепите лица“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лица со посебни потреби протестираа пред Агенцијата за европски образовни програми и мобилност. Го искажаа нивното незадоволство од односот на Агенцијата која има задача да ги финансира лицата со посебни потреби.

„84 илјади евра дадени за едукација за магаре, а ние немаме софтвер кој ќе овозможи непречено образование на слепите лица“, рече Алишан.

Во Јавното Обвинителство доставиле предмет за злоупотреба на средства на Агеницјата од програмата Ерасмус. Тие велат наместо парите наменети за училиште за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје парите се трошеле на едно приватно здружение.

„Наместо тие средства да влезат во државната каса на училиштето, влегуваат во приватно здружение. Каде што децата за жал не ги добиваат потребните услови кој што апликантот ги аплицирал. А тоа е поради евалуаторите и агенцијата кои го дозолиле“, изјави Алишан.

На протестот дојде и Вилета Косовска мајка на 22 годишна ќерка која боледува од ретка болест.  Бара од Агенцијата вработување на лица кои ќе помагаат за нејзино лекување. Емануела имаПрадер-Вили синдром, односно генетско нарушување. Симптомите се абнормално зголемување на телесната тежина проследена со константа потреба за храна, недоволно развиени полови органи, намалена интелектуална способност, отежнат говор, проблеми со однесувањето.

„Мора да пешачат 10 километри на ден, секој ден. Во оваа состојба тоа и е забрането. Детето е само дома, „врзано“ во четири ѕида со семејството. Не примаме гости, затоа што детето има сериозен проблем“, рече Костовска.

Од друга страна Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова на пресконференција се огради од сите обвинување дека имало злоупотреба на пари за тренирање на магариња. Таа рече дека поминала низ тродневна голгота, откако објавила сторија за злоупотреба на европски средства од 2.2 милиони евра.