За разлика од претходните денови, утринава жителите на Загреб ги разбуди снежно и ладно време.
Во поголемиот дел од Хрватска врне дожд, а температурите се многу пониски за разлика од минатите денови.
За денеска покрај Јадранското море се очекува бура и ветер со брзина од дури 140 километри на час.
Издадено е предупредување за избегнување на некои подрачја, и за внимателно возење поради влажните коловози и силниот ветер.
