Сања Лукаревска, директорката на УЈП во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека еден поранешен вработен во Управата е веќе во притвор поради тоа што помагал на даночни обврзници да испумпаат ДДВ. Исто така Лукаревска кажа дека неколку екс колеги биле на испитување.
„Од една страна ние како даночна управа пред 1,5-2 години доставивме информација дека има даночни обврзници кои фиктирвно испумпуваат ДДВ. Откриено е дека има помагатели од самата институција, и наш поранешен вработен е во притвор. Станува збор за едно лице, но дел од наши колеги беа повикани да ја образложуваат оваа ситуација. Постапивме со контроли, ги презедовме сите дејствија и ја доставивме целокупната документација да може да постапуваат истражните органи. Она што е актуелно за Синџир, станува збор за ист процес, односно иста намера со која видовме и таму одредено злосторничко здружување со свои конекции и со своја замисла сакале да го оштетат буџетот“, вели Лукаревска.
