Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес изјави дека за време на претходните разговори, го советувал претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Америка не треба да се вклучува во конфликтот меѓу Израел и Иран, објави агенцијата Белта.
Лукашенко рече дека му рекол на Трамп дека Израел треба сам да се бори против Иран ако сака, предупредувајќи дека американското вклучување ќе доведе до загуби меѓу американските војници и незадоволство на јавноста.
„Им реков: „Израел сакаше да се бори против Иран – нека се борат. Нека се борат. Зошто се мешате? Ќе ги закопате вашите луѓе таму“. И ковчезите полека почнаа да пристигнуваат во Америка“, рече Лукашенко.
