Министрствата за животна средина и за транспорт и врски ќе добијат најмногу пари за капитални расходи со ребалансот на буџетот за годинава, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги проекциите од ребалансираниот буџет кои денеска се прифатени од Владата.
„Министерството за животна средина ќе добие 2,3 милијарди денари за капитални расходи од кои 1 милијарда денари се пари од сметката на Министерството од кредити и од други приходи. (NGJITJE 14,29) Министерство за Транспорт, знаете дека реализацијата на почетокот на годината беше огромна, оние речиси и да немаат веќе средства на ставката за капитални расходи. (NGJITJE 14.39) Министерството за образование во износ од 426 милиони. Следно е Министерство за Здравство, исто така тука е и Државната изборна комисија, затоа што имаат потреба за одредени инвестиции“, вели Гордана ДИмитриеска Кочоска.
Со ребалансот расходниот дел од буџетот се зголемува за околу 179 милиони евра од кои за капитални инвестиции има дополнителни 100 милиони евра. Димитриеска-Кочоска појасни и дека нема да се зголеми процентот на буџетскиот дефицит во БДП и тој ќе остане 4,1.
„Особено значајно е што со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции. Капиталните расходи достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари или за 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет“, вели Гордана Димитриеска Кочоска.
Димитриеска-Кочоска информира и дека зголемување на расходите ќе има и за плати ставка која е зголемена за 1,1 милијарда денари. Со овој ребаланс вкупните приходите остануваат во рамки на проектираното односно се ревидираат од 374,9 милијарди денари на 379,2 милијарди денари. Вкупните расходи се ревидираат на 425,2 милијарди денари,
Дефицитот се зголемува од 39,2 милијарди денари на 46,1 милијарда денари. За првпат, како што рече министерката, зголемувањето на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата. Буџетскиот дефицит и обврските за отплата на долг во вкупен износ од 76,4 милијарди денари ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Притоа, над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг.
