Проф. д-р Лулзим Алиу денеска поднесе оставка од функцијата заменик-министер за образование и наука, со што, како што наведува, заокружува едно поглавје од својата професионална ангажираност во Министерството за образование и наука.
Во објава на социјалните мрежи, Алиу информира дека оставката ја доставил до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Тој истакнува дека функцијата ја извршувал со чувство на одговорност и дека ова е негов втор мандат на позицијата заменик-министер.
Алиу упати благодарност за укажаната доверба и поддршка до политичката партија Алтернатива, до нејзиниот претседател Беким Сали, како и до поранешните претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими.
Посебна благодарност изрази и до своето семејство и пријателите.
