Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше за комуникацијата со УНЕСКО и предизвиците во процесот на заштита и управување со културното и природното наследство.

Тој оцени дека состојбата не е добра од повеќе аспекти, но нагласи дека институциите се во постојана комуникација и мониторинг со меѓународните тела, при што, како што рече, одредени прашања ќе мора да се решаваат на поинаков начин.

„Не е добро затоа што имаме можност да им ги објасниме на УНЕСКО реалните проблеми. Мислам дека не беа целосно свесни за состојбата“, истакна Љутков.

Тој најави дека е предвидена посета на дел од членовите на УНЕСКО комисијата, кои во текот на мај треба да дојдат во Охрид, каде на терен ќе се запознаат со состојбите.

Според министерот, целта е меѓународните претставници директно да ја видат реалната слика и предизвиците со кои се соочува регионот.

„Кога ќе им објасниме дека има проблеми на одредени локации, како што се состојбите со погребувањата, важно е тие да ја видат ситуацијата на лице место“, додаде Љутков.

https://youtu.be/dNzQ9xHOE80