Мачнина во стомакот има Мицкоски од „Северна“ – Мицотакис најавува дека „Преспа“ ќе биде дел од НАТО Самитот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски во Вашингтон е претставен како премиер на Северна Македонија и поради тоа на разговорот во „Џонс Хопкинс“ рече дека чувствувал мачнина во стомакот.

„Тука сум претставен како премиер на Северна Македонија. И тоа не е добро чувство. Тоа не е добро чувство за мене, бидејќи го сменивме името. И ова не е нешто со што треба да се гордееме. Ова чувство го имаме во стомакот. И направивме многу во однос на имплементацијата на Преспа“, вели Христијан Мицкоски.

Мачнина има и кај Грција. Кирјакос Мицотакис е загрижен оти новата Влада дома ја нарекувале Република Македонија, Прашањето планира да го покрене и на самитот. Тој рече дека еден од најважните аспекти од Преспанскиот договор е името Северна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.

„И ова е нешто за што не може да се преговара. Многу е јасно, тоа е во Договорот од Преспа, и јас за тоа не можам да преговарам. И кога ќе слушнам дека новата Влада ја нарекува државата Република Македонија внатре во државата, јас имам сериозни грижи“, вели Кирјакос Мицотакис.

Пентагон неодамна испрати порака до двете земји, спорот околу Договорот од Преспа да го остават надвор од Самитот на НATO.