Мачу Пикчу повторно отворена за посетители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тврдината на Инките, Мачу Пикчу која беше затворена од крајот на јануари поради епидемијата на коронавирусот, од денеска повторно е отворена за туристи, но со ограничен број на посетители.

„Тврдината повторно ја отвораме на 1. март, но дневно ќе можат да влезат 897 луѓе, со строго почитување на мерките“, изјавуваат од министерството за култура на Перу.

Археолошкото наоѓалиште на 2. ноември повторно беше отворено, но поради зголемување на бројките повторно беше затворено на 31. јануари. Сега после цел месец, се отвора повторно.