Мајката Ејми се осмели да направи храбар потег. Таа и дозволи на својата тригодишна ќерка Грејси да ѝ ја обои косата во пурпурна боја. Таа го сними целиот процес, како и смешните коментари на малото девојче.
„Леле, убаво изгледаш … Некако“, ѝ рече малото девојче на мајка си додека ја нанесуваше бојата. Иако брзо помисли да се откаже, на крајот ја обои целата коса и ја масираше бојата со рацете.
“Моето тригодишно дете стана мојот нов стилист. Мислам дека никогаш повеќе нема да ми дозволи сама да ја бојам косата”, напишала Ејми.
