Ивана Илиќ, мајката на малата Данка Илиќ, проговори за трагичниот 26 март, кога исчезна нејзиното двегодишното девојче, а како што подоцна ќе се испостави дека била убиена на монструозен начин.
– Ги зедов Данка и мојот син тој ден со намера да играм на местото каде што пораснав и каде што имам најубави спомени. Таму имав убаво детство. Страшно е некој да се посомнева во мене само затоа што ги однесов децата на место што ми е толку важно – рече Ивана.
Таа на полицијата и соопшти дека девојчето исчезнало кога отишла до нејзиниот автомобил паркиран од другата страна од уличката за да земе шише со вода за нејзиниот син и раскажала како е шокирана кога не ги видела децата што ги оставила да си играат и кои претходно никогаш не се обиделе да го напуштат дворот:
– Кога се вратив на местото каде што беа децата, Данка ја немаше и почнав да се вртам во круг, да ја барам и да и викам-кажа Ивана.
„Мојата агонија почна откако Данка ја немаше од дворот. Му го дадов шишето на синот од автомобилот, и Данка веќе никогаш не ја видов. Отидов во дворот, ја барав, погледнав кон патот и водов тие двајца беа на портата. Едниот ме гледаше, а другиот гледаше во оградата“, се присети Ивана на средбата со убијците Дејан Драгичевиќ и Срѓан Јанковиќ.
