Македонија дава субвенција од 12 евра, а „Ryanair“ бара 25 евра – Николоски: Нивните барања се невозможни!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за транспорт Александар Николоски даде детали од разговорите со нискобуџетната авиокомпанија Рајанер за влез на пазарот во Македонија, пишува ТВ21.

Николоски изјави дека барањата на компанијата не се вклопуваат во нашиот пазар, односно дека компанијата има невозможни барања.

„Ќе бидам директен. Не мислам дека тоа е добро за македонскиот пазар, бидејќи условите што ги поставуваат се невозможни. Во моментов даваме субвенции од 9 евра за Аеродромот во Скопје и 12 евра за Аеродромот во Охрид, што се меѓу највисоките субвенции што може да се најдат во регионот, и неслучајно се отворени 28 нови авиолинии за помалку од 2 години од изборот на оваа влада. Барањата на „Ryanair“ се 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за Аеродромот во Скопје. Барањето е нивните авиони да се опслужуваат со приоритет“, вели Николоски.

Според него, барањето е да не се користат ниту една од услугите на аеродромите во Скопје и Охрид, бидејќи имаат и сопствени скали во авионите.

„Исто така, бараат да се укинат некои линии“, изјави меѓу другото Николоски.