Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка: Побрзи процедури и поголема безбедност на границата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Царинските управи на Македонија и Косово во Приштина разговараа за зајакнување на соработката, побрза размена на податоци и олеснување на трговијата. Во фокусот беше концептот „One-Stop Shop“ на граничниот премин Блаце–Елез Хан, со цел забрзување на протокот на стоки и патници.

Страните разговараа и за дигитализација на царинските процедури и размена на информации за побрзо откривање на шверц, царински измами и прекуграничен криминал. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека границата треба да биде едноставна за трговијата и патниците, но истовремено и ефикасна пречка за криминалот.