Македонија повторно нема да учествува на Евровизија 2025

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На овогодишната Евровизија 2025 која се одржува Базел, Швајцарија, Македонија повторно нема да има претставник.

Тоа значи дека трета година по ред нашата земја не учествува во ова познато музичко натпреварување.

Според информации од буџетот на МРТВ за 2025 година, не се предвидени средства за учество на Евровизија, но и покрај тоа настанот ќе биде пренесуван.

Последниот настап на Македонија на Евровизија беше во 2022 година, кога Андреа Коевска ја претставуваше земјата со песната „Circles“. Нејзиниот настап беше проследен со скандал со фрлање на македонското знаме.

Иако Македонија не учествува на Евровизија, ќе има свој претставник на Јуниорскиот Евросонг, каде учеството не бара големи финансиски средства.

Најдобриот резултат за Македонија досега на Евровизија беше осмото место, постигнато од пејачката Тамара Тодевска во 2019 година во Тел Авив, Израел.