Македонија се празни, доколку трендот продолжи, ќе имаме едвај 1,3 милиони жители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија се празни. Бројот на жители секоја година се намалува. Доколку трендот продолжи, прогнозите се дека до 2070 година Македонија едвај ќе има 1,3 милиони жители. Ова се прогнозите на Заводот за статистика, чиј директор Апостол Симовски вели дека има недостиг на работна сила поради иселувањето.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека решението е во спроведување на систематски промени и одлуки кои носат предвидливост и стабилност без разлика на политичката волја.

Според податоците последниве 20 години, во просек годишно се иселуваат околу 12 илјади луѓе, а се најавува дека падот на наталитетот значително ќе влијае на стареењето на населението.