Македонија со пораз од Словенија го отвори ЕП во ракомет

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, откако вечерва загуби во Дебрецин од Словенија со 27:25 (13:10).

Иако хендикепирани без повредениот капитен Кирил Лазаров, кој остана на селекторското столче, со три почетни одбрани во серија и стопроцентна ефикасност во нападот, македонските ракометари одлично го отворија натпреварот и во 6. минута имаа водство од 4:1. Сепак, набрзо уследи пад во играта на македонскиот состав, што Словенците го искористија и со серија од 6:0 го презедоа водство со 7:4.

„Црвено – жолтите“ ги консолидираа своите редови и во 19. минута израмнија на 8:8, но со неколку непромислени напади му дозволија на противникот да замине на полувреме со предност од 13:10.

Вториот дел македонските ракометари го отворија со цепелин и погодок на Филип Кузмановски, а истиот играч во 39. минута го намали водство на Словенците на 19:18.

Предноста на противникот од еден гол (23:22) стоеше на семафорот во салата „Феникс“ и во 53 минута, но иако со сите сили се обидуваа, избраниицте на Лазаров не успеаја до крајот да избегнат пораз во воведниот натпревар на Европското првенство.

Цветан Кузмановски беше најефикасен во македонскиот состав со осум погодоци, а голманот Мартрин Томовски запиша 14 одбрани на голот.

Македонската репрезентација својот втор натпревар во групата А ќе го одигра в сабота против Црна Гора.