Населението во Македонија старее и тоа многу брзо, покажува истражувањето на Македонската информативна агенција. Земјава е веќе во длабока демографска старост.
Влезена е во процесот на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето.
Бележиме загуба на природниот прираст од преку 8 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи.
Стратегијата за стари лица (2010-2020) покажува дека до 2050 година се очекува секое петто лице да биде старо над 60 години, а во 2150 година секое трето лице да биде над 60 години.
Според дел од експертите, клучот е влезот во ЕУ зашто ќе наметне исполнување стандарди кои би го подобриле живеењето дома, што, пак, ќе значи многу помалку иселување, но и враќање на дел од македонското население во својата матична држава.
