Македонија тргна кон Копенхаген – одлучувачки дуел со Данска во плејофот за Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалската репрезентација на Македонија тргна кон Копенхаген, каде в четврток ќе се соочи со Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

Натпреварот ќе се одигра на 26 март со почеток во 20:45 часот и се смета за клучен за продолжување на патот кон Светското првенство.

Данска важи за фаворит во овој дуел, особено поради квалитетот на тимот и фактот што игра дома, додека Македонија се надева да изненади и да ја одржи живa мечтата за историски пласман.

Победникот од овој дуел ќе обезбеди место во финалето на плејофот, каде ќе се соочи со победникот од дуелот Чешка–Ирска за едно место на Светското првенство 2026.