7 активни пожари низ Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 29.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 1 е под контрола, а 2 се изгаснати.

Активни пожари – 7:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума;
Општина Сарај – с. Копаница – с. Радуша, нискостеблеста шума и ниска вегетација;
Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума;
Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва;
Општина Градско – с. Виничани, кај турските гробишта, ниска вегетација и дрвја;
Општина Куманово – Агино Село, ниска вегетација;
Општина Прилеп – с. Витолиште, м.в. Рамна Нива, ниска вегетација.

Пожар под контрола – 1:
Општините Гостивар и Македонски Брод – кај с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Изгаснати пожари – 2:
Општина Долнени – с. Црнилиште, ниска вегетација;
Општина Босилово – с. Бориево, депонија.