Македонија заврши претпоследна на ЕУРО 2020, Турција за еден гол полоша од нашата репрезентација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија официјално заврши на претпоследното место на ЕУРО 2020 шампионатот. Турција и Македонија на крајот минаа без бодови во групите, единствени селекции од сите други. Меѓутоа Турција има полоша гол разлика (1:8), а Македонија заврши со 2:8, па така нашата репрезентација на крајот заврши како 23-та селекција на ЕП.

Македонија заврши последна во групата по поразите од Австрија 3:1, Украина 2:1 и Холандија 3:0. Турција, пак, загуби од Италија 3:0, Велс 2:0 и Швајцарија 3:1.

Во осминафиналето продолжуваат селекциите на Италија, Велс, Швајцарија, Холандија, Австрија, Украина, Англија, Чешка, Хрватска, Шпанија, Шведска, Данска, Белгија, Германија, Португалија и Франција.