Македонка министерка во владата на Словенија-Емилија Стојменова Дух: Не смеевме да дозволиме да продолжи едноумието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По завршувањето втора година во природно-математичката гимназија во Виница Емилија Стојменова се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата меѓународна матура во гимназијата во Марибор каде завршува средно образование. Студиите по електроинженерство во Марибор ги завршува како најдобар студент. Емилија е доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана. Министерка во новата словенечка влада на Роберт Голоб. Но, која била причината да замине од Македонија?


-Пред се сакав да одам некаде каде што стварно нема да биде важно кои се моите родители од какво семејство доаѓам, која сум јас, туку што знам и сама да се докажам. Таа програма ми беше интересна се пријавив за стипендија, бев избрана и така се почна, вели Стојменова Дух.

Вели дека функцијата не и е награда за политичките заложби туку како потреба од стручен кадар.


-Со политика не се занимавав бидејќи сум пред се експерт на полето на дигиталните технологии. Минатите години во Словенија имавме многу лоша политичка ситуација и тогаш целото цивилно општество се трудевме секој на свој начин некако да и помогнеме на државата. Јас уште порано соработував со различни политичари од различни политички партии во полето на дигиталните технологии. Заради тоа што имавме таква ситуација се придружив во една политичка партија, ама веднаш после изборите излегов. Така што идниот премиер Голоб кој е исто така професор на факултетот кај што работам јас се знаеме од порано ме покани во владата исклучително врз основа на моите знаења и компетенции, вели Стојменова

Основач е на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Таа е активна во иницијативата за „паметни села“ поддржана од Европската комисија и Европскиот парламент. Стојменова-Дух ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.

-Со оглед на тоа што во Виница не ги имав сите можности како некој којшто се родил и живеел во Скопје, Битола, Охрид, сакав да покажам дека и малите градови, села имаат потенцијал за тоа луѓето да живеат квалитетен живот. Секогаш доаѓаат идеите од своите основни потреби. И овде во Словенија соработувавме со руралните делови на државата затоа што сфативме дека уште не се покриени со интернет кога овозможивме заедно со Министерството за јавна управа да добијат и селата интернет. Сакавме тој интернет да го искористиме за некои сервиси кои ќе им бидат корисни на жителите.
Ова подразбира модернизација на земјоделството, зачувување на околината, добивање подобри продукти, нешто што и е потребно и на Македонија вели Емилија. Таа е фасцинирана од потенцијалот на македонските студенти кои одат на студии во Словенија, рече Стојменова.