73-годишната О.П. од Македонија, загина ноќеска во сообраќајна несреќа во Будва, Црна Гора.
До несреќата дошло по полноќ, кога жената ја преминувала улицата во близина на Комуиналната полиција, и во тој момент во неа удрил автомобил управуван од 28-годишниот М.М. од Тиват, пренесува „Вијести“.
По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата било испратено на обдукција, додека возачот бил уапсен.
„На 01.12.2024 година во Будва на улицата ‘Јадрански пут‘ во близина на зградата на општинската полиција, пријавениот управувал патничко моторно возило кое учествувало во сообраќајна незгода, во која државјанка на Северна Македонија, О.П. (1951 година), бил удрена додека ја преминувала улицата“, стои во соопштението на полицијата.
ФОТО: Архива