Кабинетот на генералниот директор на Македонска пошта Ејуп Рустеми, испрати соопштение во кое информираше дека им понуди соработка на банките и до Македонската банкарска асоцијација за деловна сорабтка. Заинтересираните банки во рок од три работни дена треба писмено да се произнесат дали се заинтересирани за соработка, со цел да се започнат преговори.
„Постапка за избор на банка и Писмо за намери се одлуките кои денес ги донесе Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, врз основа на Одлуката на Владата за отпочнување на постапка за преговори, со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Република Северна Македонија, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.
Во контекст на започнувањето на преговори со деловна банка, а имајќи предвид дека како Акционерско друштво во државна сопственост, својата дејност ја извршува согласно Законот за јавни набавки, укажуваме дека преговорите за соработка со деловна банка согласно член 23 став 1 точка 6 под б за Општи исклучоци од Законот за јавни набавки нема да се спроведува по именуваниот Закон, согласно препораките од Бирото за јавни набавки, кое препорачува договорниот орган да ги запази основните начела на конкуренција и еднаков третман на економските оператори при избор на банка.
Во согласност со наведеното, Пошта на Северна Македонија денес достави Писмо за намери до сите деловни банки и до Македонската банкарска асоцијација за деловна сорабтка. Заинтересираните банки во рок од 3 (три) работни дена треба писмено да се произнесат дали се заинтересирани за соработка, со цел да се започнат преговори.“, се вели во соопштението.
