Македонската одбојкарска репрезентација против Чешка, Естонија и Романија

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против селекциите на Чешка, Естонија и Романија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против селекциите на Чешка, Естонија и Романија во Групата Ф од квалификациите за Европското првенство 2017 кое ќе се одржи во Полска.

Противниците ни се добро познати. Носител е репрезентацијата на Чешка со која игравме во квалификациите за ЕП 2009 и ЕП 2013. Со Естонија игравме во полуфиналето на Европската лига 2015 каде што победивме 3-0.

Македонската одбојкарска федерација аплицираше да биде домаќин на Групата Ф во квалификациите, но организаторот дополнително ќе биде одреден.

Квалификациите започнуваат со претквалификациската фаза, а квалификациските турнири ќе се играат во септември 2016.