Македонски државјани заглавени во Украина, имаат документи, но не можат да се движат, дипломатите во скривници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако обезбедиле патни документи од амбасадата во Киев, државјани на Северна Македонија не можеле да излезат од Украина, вели министерот за надворешни работи, Бујар Осма ни. Едно од семејствата е со едногодишно дете. Османи побарал од МНР на Бугарија кога ќе с е евакуираат бугарски државјани, да се евакуираат и нашите државјани кои се останати таму.

Во меѓувреме амбасадорот на Северна Македонија во Киев, Крум Ефремов во изјава за ТВ21 рече дека државјаните на Северна Македонија се контактирани од властите и чекаат нивна евакуација, а апелираше на максимална внимателност и да се следат препораките за безбедност.

Меѓутоа и амбасадорот Ефремов и други дипломати се заглавени во Киев. Османи рече дека околу 20 амбасадори на ЕУ чекаат евакуација.

Помош за безбедна евакуација на државјаните Османи побарал и од МНР на Украина. Вели дека се во контакт за тоа која од земјите на ЕУ прва ќе обезбеди транспорт за да можат и нашите државјани да се евакуираат до Полска.