Македонски државјанин заврши во притвор во Црна Горa поради кражба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црногорската полиција во Тивар ја расветли кражбата на автомобил „Шкода Кодиак“ што се случи на тоа место, и поднесе кривична пријава против македонски државјанин Е.Н. (56).

Како што соопштија од полицијата, дошле до сознание дека Е.Н. го сторил делото, и му одредиле мерка притвор.

„Лицето Е.Н е во екстрадиционен притвор по меѓународна потерница распишана од НЦБ Интерпол Софија, по европска потерница на Регионалното обвинителство во Благоевград, Република Бугарија, за кривично дело измама, додека е извршен претрес за предметното возило“, додаваат од полицијата.