Македонскиот фудбалски интернационален судија Александар Ставрев, е делегиран за да ја дели правдата на големото грчко дерби меѓу ПАОК и Олимпијакос, кое во недела се игра во Солун на стадионот „Тумба“, пренесува „Спортмедиа“.
И претходните години ова дерби го судеа странски судии, како што беше примерот ланската сезона кога делител на правдата беше Феликс Брих од Германија.
Олимпијакос е веќе шампион на Грција, додека ПАОК се бори за втората позиција, која води во квалификациите за Лигата на шампионите.
