Македонски возач на камион загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонски возач на камион загина во Хрватска, по тешка сообраќајна на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана.

Камионот ја пробил оградата, удрил во далноводот и се запалил. Медиумите во хрватска пренесуваат дека најверојатно е од Макеоднија.

„Возилото ја проби централната заштитна ограда од јужната лента на автопатот и заврши на северната лента, удирајќи во далновод. Сите служби за итни случаи беа испратени на местото на настанот, а ќе следи истрага, која ќе ги утврди фактите и околностите поврзани со инцидентот“, соопшти полицијата од Брод-Посавина.

Според неофицијални информации од локалниот онлајн портал SB, возачот бил заробен во возилото и починал. Наводно станува збор за постар државјанин на Македонија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)