Македонскиот енергетски форум 2026 – Мицкоски: Можеме да понудиме една петтина од потребите за струја на Европа 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предизвиците  од енергетската криза да ги претвориме во можности и наместо постојано да бараме нешто од Европа, ајде да зборуваме за можностите и што ние како Западен Балкан можеме да понудиме на Европа. Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака од Македонскиот енергетски форум  2026 дека регионот може годишно да понуди една петтина од потребите за струја на Европа, бизнис  вреден 26 милијарди евра, што е повеќе од номиналниот БДП на неколку земји од регионот.

„Можат во овој моемент да понудат отприлика можат да понудат годишно производство 260 терават часови нови производни капацитети во делот на обновливата енергија, или ако ова го помножиме со некои 100 тина евра по мегават час тоа значи дека ние на годишно ниво , можеме како Западен балкан да акумулираме бизнис кој и е потребен на Европа , е само една една петтина од потребите на Европа, вреден 26 милијарди евра“, вели Христијан Мицкоски.

Кога на тоа ќе се додадат средствата потребни да се изградат овие капацитети кога на ова ќе се додадат инвестициите во дистрибутивната и преносната мрежа, слободно оваа бројка триплирајте ја- порача Мицкоски.

Министерот за животна средина Мухамед  Хоџа кој го отвори настанот, побара забрзана зелена транзиција на регионот.

„Денес не зборуваме само за статегии. Зборуваме за безбедност, стабилност и квалитет на животот на граѓаните. Нашата цел  е јасна. Повеќе чиста енергија, помалку загадување и поголема отпорност. Крајно време е Западен Балкан да не биде само дел од дискусиите за климатската иднина, туку и активен учесник во решенијата. Потребни се храбри и одговорни одлуки, претворање на политиките во инвестиции и остварување на визијата за зелена транзиција во реалност што ќе ја почувствуваат сите граѓани“, вели Мухамед Хоџа.

Евроамбасадорот  Рокас порача дека регионот има на располагање 6 милијарди евра од кои најголем дел се за енергетска трансформација. И честита на Македонија за усвојувањето на стратегијата и планот за енергетика и за напредокот во правичната транзиција.

„За Северна Македонија особено приоритетните реформи опфаќаат усвојување на законодавството за обновливи извори, со што енергетската ефикасност и фондовите за истата ќе станат оперативни. Да усвои подзаконски акти како и транспонирање на пакетот за енергетска електрификација. Како  истовремено да ја зголеми довербата на јавноста и заштита на ранливите категотрии“, вели Михалис Рокас.

Форумот е еден од најзначајните настани во областа на енергетиката и одржливиот развој во регионот.Од  него, според организаторите  треба да произлезат и заклучоци кои нема да бидат значајни само за регионот туку ќе придонесат и кон пошироките меѓународни дебати за климатските политики и енергетската транзиција.