Македонските тимови ги добија противниците за европските натпревaри: Шкупи патува во Гибралтар, Шкендија во Ерменија, Академија Пандев со Полјаци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонските фудбалски клубови денеска ги добија противниците во натпреварите во Европа, поточно во Лигата на шампионите и Лигата на Конференции.

Шкупи во 1. квалификациско коло доби посакуван ривал, и ќе игра со Линколн од Гибралтар.

Шкендија за противник во 1. кваклификациско коло во Лигата на Конференции го доби тимот на Арарат Ереван од Ерменија.

Академија Пандев, се чини, имаше најтешка задача и за противник го доби полскиот Лехија Гданск.

Македонија ЃП како освојувач на Купот, ќе ги почне европсктие натпревари од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции.