Макрадули: ВМРО-ДПМНЕ користи една реторика во Брисел, сосема друга во Скопје – предвремени избори не верувам дека ќе има

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јани Макрадули, екс потпретседателот на СДСМ во „Дејли Клик“ на ТВ21 ја коментираше сегашната власт.

Тој рече дека реториката на власта е една во Брисел, а сосема друга во Скопје.

„Оваа влада има една реторика во Брисел, друга во Скопје. Пораките кои ги праќа таму се различни од тука. Тука коридорот осум не се гледа, а во Брисел коридорот прогледува. Така даа таа двојна пи-ар политика не треба да донесе добро за државата, на крај треба да се плати сметката“, рече Макрадули кој додаде дека и покрај реториката во последно време за предвремени парламентарни избори, рече дека не верува дека ќе ги има следната година.