Францускиот претседател Емануел Макрон ќе и се обрати на нацијата околу 20 часот во среда, рече тој во објава на „Икс“.
„Во овој момент на неизвесност, кога светот се соочува со големи предизвици, ќе ви се обратам вечерва“, напиша Макрон додека лидерите на Европската унија се подготвуваат да одржат специјален самит посветен на одбраната и Украина во четврток.
Европските земји се обидуваат да ги зголемат трошоците за одбрана и поддршката за Украина во нејзината војна против руските сили во услови на зголемени сомневања за посветеноста на американската администрација да ја брани Европа.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп, ја прекина воената помош за Украина, а негов следен чекор е да ја смени американската политика и да заземе „помек став“ кон Русија.
