Авионот на авиокомпанијата „Флајдубаи“, кој летал од Дубаи кон Тел Авив и во текот на летот испратил сигнал за вонредна состојба, како и код што означува киднапирање или незаконско попречување, слетал на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.
Авионот најпрво го испратил меѓународниот код 7700, кој означува општа вонредна состојба, а потоа и кодот 7500, кој се користи во случај на киднапирање или друг вид незаконско попречување.
Според израелски безбедносни извори, инцидентот најверојатно бил предизвикан од расправија во авионот.
