Макрон пристигна во Белата Куќа, тој е првиот европски лидер кој го посетил Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон му се придружи на Доналд Трамп денеска во Белата куќа на телефонски разговор со лидерите на другите земји од Г7 групата.

Макрон ги поздрави присутните, и потоа се приклучи на разговорот кој го водеа најголемите седум економии во светот, односно покрај САД и Франција, тука се и Канада, Германија, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство.

За време на посетата на Вашингтон, францускиот претседател ќе разговара со неговиот колега од САД за изгледите за завршување на војната во Украина.