Максути: Македонија има доста скривници, но не се одржуваат – не се одвојуваат средства за реновирање!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Професорот Беким Максути вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори како Македонија би се заштитила при евентуален напад со оглед на состојбата во скривниците.

Тој вели дека сме наследиле интересен систем од социјализмот, но за жал се останало само тоа односно што било до сега, било!

„Нашава земја поседува доста скривници од претходниот систем, кои за жал не се одржувани поради многу причини. Како причина број еден е што не се одвојуваат средства за истиве да се реновираат“, вели Максути.

Според него, во земјава постои скривница која е самоодржлива и која што може да издржи и нуклеарен напад.

„Таа скривница е со капацитет за 3500 луѓе, таа е од високорангираните скривници во државата каде има систем за вентилација, струја. Самостојно би била одржана до 14 дена“, вели Максути.

Тој вели дека се одвоени средства за само три скривници кои што биле реновирани во 2015 година, а од тогаш навака не е направено ништо.