Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, денеска во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека идеално е ниедна Влада да не се меша во бизнисот.
Како што вели, со такви драстични мерки кај што Владата се меша во бизнисот, се нанесуваат огромни штети кај компаниите.
„Таа мерка, после неа вештачки не се качуваат цените него се качуваат да се покријат загубите на компаниите. Идеално е ниедна Влада да не се меша во бизнисот за да го остави да функционира пазарно, кога функционира така има понуда и побарувачка и цените се регулираат сами. Се кога се носат било какви мерки, носат проблеми“, вели Малишиќ.