Малишиќ: Новата мерка е за поздравување, ова е прв пат да се седне со реалниот сектор и да се изнајде решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, денеска во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 ја поздрави новата мерка за „Новогодишна кошница“ на Владата.

Како што вели, ова е прв пат да се седне со реалниот сектор и да се изнајде решение.

„Сме учествувале во сите мерки што биле носени наназад во годините, како и сега нели со новите начини на носење мерки што е за поздравување. Ова е прв пат да се седне со реалниот сектор кои произведува и да се изнајде заедничко решение за да се донесе некој начин за намалување на цените“, вели Малишиќ.